ВИДЕО: Српски судија поништи гол во 93 минута, цела гостинска екипа сосе тренери го бркаше по теренот

Од:

Тежок инцидент го одбележа денешниот натпревар од српската Суперлига меѓу Јавор и Нови Пазар во Ивањица, на кој главниот судија поништи навидум сосема регуларен гол за гостите од Нови Пазар, постигнат по истекот на регуларниот дел од мечот.

По десетминутна пауза, откако изгледаше дека се смирија страстите, а судијата Драгољуб Миниќ покажа само еден жолт картон, проблемите продолжија. Овој пат, веднаш откако се тргна од центарот, при еден остар стар на гостински фудбалер, дојде до туркање меѓу повеќе играчи од двете екипи, а малку недостасуваше тоа да прерасне во отворена физичка пресметка на теренот.

По натпреварот, реагираше почесниот претседател на Нови Пазар, политичарот Расим Љајиќ, кој го нападна судијата, обвинувајќи го за тенденциозно судење, односно дека отворено „свирел“ во корист за домаќините.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати