ВИДЕО: Сплитски навивачи се степаа со полицијата на автопатот кај Загреб, има ранети

Од:

Ноќеска имаше големи нереди на автопатот А1 кај одморалиштето Дешинец, меѓу Загреб и Карловац.

Дошло до масовен конфликт меѓу навивачите на сплитски Хајдук и полицијата. Во судирите учествуваа стотици луѓе. Според полицијата две лица се ранети од огнено оружје употребено од полицијата. Повредени се десетина полицајци, известуваат хрватските медиуми.

„На 21 мај околу 21 часот и 35 минути, при организирана парада на околу 1.600 навивачи на ХНК Хајдук во автобуси, комбиња и автомобили од натпреварот во Загреб, тие самоиницијативно застанаа на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец и на тој начин ги блокирале сите коловозни ленти во правец кон Карловац, а потоа, игнорирајќи ги нивните предупредувања и наредби, неколку стотици од нив со физичка сила и предмети погодни за повреда нападнале полициски службеници од повеќе полициски одделенија кои ги придружувале“, се вели во соопштението на полицијата.

Полицајците употребиле огнено оружје.

„Полициските службеници заради одбивање на нападот врз себе од повеќе лица употребиле средства за присилба, вклучително и огнено оружје, по што надгледуваниот конвој повторно бил ставен под надзор. Во тек е идентификација и приведување на осомничени за кривични дела и прекршоци. Засега е утврдено дека две лица кои биле директно инволвирани во нападот врз полицајци се ранети, најверојатно од огнено оружје, а повредени се десетина полицајци. Сите повредени се надвор од животна опасност“, се вели во соопштението.

„Сообраќајот на таа делница од автопатот е затворен и пренасочен на алтернативни правци. Во тек е увид и кривична истрага“, заклучува полицијата.

На Максимир претходно вечерва се одигра последното коло од Хрватската фудбалска лига. Динамо го победи Хајдук со 3-1. Во пресрет на дербито, полицијата и редарската служба на влезот на јужната трибина на Максимир сплитска Торцида и гостинските навивачи на Хајдук не дозволија да се внесат никакви транспаренти. На натпреварот пристигнаа нешто помалку од две илјади гостински навивачи, кои во знак на протест одбија да влезат на стадионот.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски