ВИДЕО: Синот на министерот за внатрешни работи на Црна Гора ги плукаше кошаркарите на Црвена ѕвезда

Од:

Амар Нухоџиќ, син на министерот за внатрешни работи во Владата на Црна Гора, Мевлудин Нухоџиќ, ги плукаше играчите на Црвена ѕвезда при влегувањето на теренот на вчерашниот натпревар против Будуќност во Подгорица.

Младиот Нухоџиќ без да биде спречен од редарите, влезе на теренот и плукаше по гостинските кошаркари.

Според снимките што се шират на социјални мрежи, Нухоџиќ (сина кошула) влегува на терен, најверојатно од првиот или вториот ред на седиштата и плука на гостинските играчи кои излеуваат на терен.

Тој остана во салата „Морача“ во Подгорица да го следи натпреварот, бидејќи ниту еден од одговорните не дејствуваше ниту кон него, ниту кон други гледачи со слично однесување.

Четвртиот натпревар од финалната серија во регионалната АБА-лига се игра утревечер исто така во Подгорица.

Моменталниот резултат е 2-1 во победи за Црвена ѕвезда. Шампион ќе биде тимот кој прв ќе стигне до три победи.

Атмосферата меѓу овие два клуба е крајно наелектризирана уште по дуелите во Белград, кога црногорскиот тим се пожали на невидени притисоци од страна на српските навивачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Србија ја збриша Канада за финале на Светското кошаркарско првенство

Катерина Ѓуровски

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

А1он

Кокошков веќе не е селектор на Србија

А1он

Милан Гуровиќ осуден на 10 месеци куќен притвор