ВИДЕО: РК Вардар ги промовира новите дресови

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар во новата сезона ќе настапува со нови дресови, изработени како и досегашните, од компанијата „Хумел“.

На денешната прес-конференција, за соработката со компанијата за спортска опрема, говореше претседателот на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски.

– Договорот со „Хумел“ го продолживме на три години, а компанијата има пракса на секои две години се направат нови модели. Нашата соработка со нив ќе продолжи. Како знак на благодарност за продолжување на договорот добивме покана за настап на „Хумеловиот турнир“ во Магдебург Германија, соопшти Михајловски.

Вардар во новата сезона ќе настапува на три фронта, македонското првенство, регионалната СЕХА лига и елитната Лига на шампиони.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски