ВИДЕО: Јувентус ремизираше против европскиот шампион, пресврт на Барса

Од:

На вториот ден од новата сезона во Лигата на шампионите, на дербито на денот помеѓу европскиот шампион Челзи и италијанскиот шампион Јувентус видовме одличен натпревар и реми од 2:2.

21-годишниот Бразилец Оскар за две минути постигна два преубави погодоци, во 31. и 33. минута за шест минути подоцна Артуро Видал да намали на 2:1. Конечните 2:2 ги постави Фабио Кваљарела во 80. минута по одличното додавање на Маркизио.

Барселона поведе во 14. минута преку Тело, а по половина час игра Алвеш си постигна автогол. Комплетен пресврт за рускиот тим донесе Ромуло во 58. минута. Лионел Меси се погрижи да нема сензација на Ноу Камп со два гола во 71. и 80. минута.

Големо изненадување направи БАТЕ Борисов, кој во 2. квалификациско коло го елиминира Вардар. Белорускиот тим со 3:1 славеше на гостувањето против Лил.

Баерн Минхен го сруши бункерот на Валенсија со голот на Швајнштајгер во 38. минута, а во второто полувреме Тони Крос погоди за  2:0, а Валдез само го ублажи поразот во самиот финиш.

Група Е
Челси – Јувентус 2:2
Шахтјор – Нордсјаеланд 2:0

Група Ф
Баерн Минхен – Валенсија 2:1
Лил – БАТЕ Борисов 1:3

Група Г
Барселона – Спартак Москва 3:2
Селтик – Бенфика 0:0

Група Х
Брага – Клуж 0:2
Манчестер Јунајтед – Галатасарај 1:0

 

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска