ВИДЕО: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Од:

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од 28-годишниот фудбалер Емилијано Сала  во неговиот роден град во Аргентина, четири недели откако тој загина во авионска несреќа над Ламанш.

epa

Тажните жители на Прогрес, мало аргентинско населено место во кое Сала пораснал, му оддадоа почит на својот фудбалски идол, пред неговите посмртни останки да бидат однесени на кремирање, пренесе агенцијата АП.

epa

Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари за време на лет од Нант до Кардиф, каде што требаше да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Телото на несреќниот играч беше извлечено од остатоците на авионот од дното на Ламанш пред 10 дена.

 

Би можело да ве интересира

Во Велика Британија, 66-годишен маж обвинет за смртта на Сала

Ана Ололовска

Пилотот на авионот, во кој беше Емилијано Сала, немал дозвола за летање

Aleksandar Petrovski

Уапсено едно лице поврзано со смртта на Сала

Ана Ололовска

Објавена морбидна фотографија од Емилијано Сала од мртовечницата, полицијата трага по сторителот

Татјана Ташкова

Откриени нови детали за трагедијата на Сала

Ана Ололовска

Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала