ВИДЕО: Отворена новата пионерска велосипедска патека на Водно

Од:

Љубителите на планинарскиот велосипедизам од денеска може да возат по новата нагорна пионерска велосипедска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Патеката денеска беше отворена со вело натпревар во организација на „Прв до врв“, на кој учествуваа повеќе од 400 велосипедисти, а учествуваше и Градоначалникот Шилегов.

– Денеска Скопје ја добива својата прва нагорна (uphill) планинска вело патека, лоцирана на нашето најголемо природно богатство Водно. Патеката симболично ја нарековме „Пионерска патека“ затоа што е прва патека од овој тип во Скопје, а и воедно прва од вкупно 3 вакви патеки кои ги правиме во рамките на проектот„ Велосипедски парк Водно“. Направена е согласно сите стандарди, со помош на експерти од Словенија, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец – нагоре. При изведбата на оваа патека посветено е големо внимание на заштита на природното опкружување, со минимално влијание врз околните дрвја и вегетација. Среќен сум што на крајот на третата година од мојот прв градоначалнички мандат нашето сакано Водно успеавме да го вратиме на луѓето кои го користат за уживање во природата, планинарење, спорт и рекреација. Уште пред 3 години го средивме хаосот со паркирањето на средно водно, ги воведовме бесплатните автобуски линии за викенди и празници, со цел да ги намалиме гужвите кои ги создаваа автомобилите и да ослободиме повеќе простор за спорт и рекреација. Сега со проектот Велосипедски парк го развиваме планинскиот велосипедизам кој бележи растечка популарност во нашата држава, рече Градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот Шилегов истакна дека денешната планинска вело трка е уште еден доказ дека постои голем интерес за планинскиот велосипедизам кај нашите сограѓани и изрази уверување дека по завршувањето на светската пандемија заради која мобилноста на туристите во светот е сериозно лимитирана, Велосипедскиот парк водно ќе прерасне во туристичка атракција и на тој начин ќе ја збогати туристичката мапа на Скопје.

Новата нагорна планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Патеката е исклучиво за движење во еден правец-нагоре.

Пионерската патека е сертифицирана и ги исполнува условите за организација на меѓународни натпревари на северните падини на Водно.

Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно, Град Скопје го реализираше во соработка со Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), Европската комисија и Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), како и со надворешните поддржувачи МАМБА – Македонска Асоцијација за планински велосипедизам и Федерацијата на планински спортови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ