ВИДЕО: Огномет и журка за Ѓоковиќ, стотици фанови го пречекаа најдобриот светски тенисер во Белград

Од:

Со огномет организиран во негова чест, светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ денеска беше пречекан во Белград, на денот на кој го собори еден од најтешко достижните тениски рекорди, почнувајќи ја 311-тата недела на врвот на АТП листата, што е најмногу досега во историјата на овој спорт.

Стотици фанови уште од попладнето се собраа пред неговиот ресторан „Новак“, а Ѓоковиќ при пристигнувањето ги поздрави и им се заблагодари за честитките.

„Денес е посебен ден за мене, за моето семејство и за Србија. Ви благодарам за успехот, тој не е само мој, туку и ваш и на целата нација. Јас тоа најмногу го сфатив пред десет години. И пред тоа. Но, некако најмногу ме допре она од Белград од 2011 година, по Вимблдон, кога првпат станав број 1. Србија тогаш приреди нешто на што вечно ќе ви бидам благодарен. Затоа чувствувам огромна чест и задоволство што ве претставувам. Знам дека ви ги кинам живците, но се надевам дека уживате во тоа,“ им рече Ноле на насобраните фанови, кои подготвија и мала музичка програма во чест на нивниот идол.

Според најавите, Ѓоковиќ вечерва, по кусата забава и средбата со фановите, ја продолжил прославата во својот ресторан, заедно со членовите на семејството и блиските пријатели.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов