Видео: Од центар го лобува сопствениот голман

Од:

Неверојатниот гол го одлучи победникот во 11 коло на Бразилската втора лига помеѓу Гуарани и Гоиас.

Бизарен автогол постигна домашниот одбранбен играч Родриго Ароз, кој практично од средината на теренот го совлада неговиот голман, не приметувајќи дека тој се наоѓа далеку од голот.