ВИДЕО: Невиден дебакл на младите кошаркарки – пораз со 66 коша разлика, без поен во две четвртини

Од:

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација претрпе катастрофален пораз на ФИБА „Челинџер“ купот, откако попладнево во второто коло на турнирот во Софија загуби од Словенија со 88:22.

Победникот на натпреварот беше познат веќе по првиот дел, во кој „црвено–жолтите“ девојки не постигнаа ниту еден кош, а четвртината заврши со резултат 34:0.

Во редовите на македонскиот состав уследи нов голем пад во играта во последната четвртина, која Словенките ја решија во своја корист со 30:0, за на крајот да слават убедлива победа со 66 поени разлика.

Македонските кошаркарки под 18 години во воведниот натпревар од ФИБА купот во Софија загубија од Украина со 69:52, а следен противник ќе им биде домаќинот Бугарија.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ