ВИДЕО: Навивач бакна новинарка и заврши во притвор, доби забрана да оди на фудбалски натпревари

Од:

Навивачите на бразилскиот клуб Фламенго еуфорично го прославија пласманот на нивниот тим во финалето на Копа Либертадорес. Клубот од Рио со 2-1 го совлада Велез на реваншот на „Маракана“ и со вкупно 6-1 се пласираше во мечот за титулата.

Еден од навивачите ја премина границта на дозволено однесување. Ја бакнa новинарката на ЕСПН Џесика Дијаз додека таа известуваше во живо за успехот на Фламенго. Дијаз остана смирена и продолжи да зборува.

За ваквото однесување беше жестоко казнет. Бил идентификуван и полицијата го привела во полициска станица под обвинение за сексуално вознемирување. Пуштен е на слобода веќе следниот ден, но нема да смее да го напушти Рио без посебна дозвола од властите, повеќе не смее да оди на фудбалски натпревари и добри забрана да и се приближува на новинарката.

Новинарката во објава на социјалните мрежи им се обрати на сите оние кои сметаат дека „било само бакнеж„ и дека „не требало да се крева преголема врева“. Таа објасни дека вознемирувањето траело подолго додека го чекала вклучувањето во живо и оти претходно имало два обида за бакнеж.

– Бев сексуално вознемирувана додека работев. Не сакав да ме бакнуваат, не барав нежност, а не сакав ни три часа да поминам во полициска станица. Само сакав да работам“, напиша Дијаз.

Би можело да ве интересира

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски