ВИДЕО: Наумоски и Мојсовски извршија увид во градежните работи на базенот во Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски денеска извршија увид во градежните работи на првиот затворен базен во историјата на општината кој се гради во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Ова е еден од шесте затворени базени кои ги гради Агенцијата во соработка со локалните самоуправи. Целиот проект опфаќа вкупно 14, а во наредниот месец се очекува АМС да распише тендер за нови 4 базени. Наменет е за учениците, но по часовите ќе може да го користат и рекреативци.

Вложувањето во спортската инфраструктура, рече Наумоски, претставува вложување во раниот детски развој, градење здрави индивидуи и спортисти кои понатаму ќе ја градат својата кариера во нашата општина.

– Сега со гордост може да кажеме дека силно ќе го развиваме и пливачкиот спорт, преку формирање пливачки клубови во следниот период – изјави Наумоски по увидот.

Како што нагласи Мојсовски, пандемијата привремено го забавила темпото на работа.

– Сега почнуваме повторно интензивно. До крајот на октомври или почетокот на ноември базенот ќе биде завршен. Со овие димензии на базенот се надевам дека ќе формираме и пливачки клуб во општина Ѓорче Петров. Ќе биде подобро што повеќе деца од училиштата да го користат – додаде директорот на АМС.

Овој спортски објект е со димензии 20,40×30,35 метри со длабочина од 0,9 до 1,4 метри. Во склоп на базенот ќе има соблекувални и централен систем на загревање. Се гради по сите стандарди и истиот ќе биде енергетски ефикасен и рентабилен.

Предивдениот рок за затворање на проектот е 18 месеци. Базенот е со вредност од 38 милиони денари.

Би можело да ве интересира

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска

Мојсоски на регионална конференција во Тирана

Ана Ололовска

Мојсовски организираше прием за светската шампионка Мери Акиевска

Катерина Ѓуровски