ВИДЕО: Милвоки на чекор до титулата, направи „брејк“ во финалната серија

Од:

По двата воведни порази, кошаркарите на Милвоки ја запишаа и третата последователна победа над Феникс (123:119) со што поведоа со 3:2 во финалето на плејофот во НБА лигата и дојдоа на само чекор до освојување на шампионската титула.

Милвоки до третиот триумф во финалната серија, синоќа на гостински терен го предводеше Јанис Антетокумпо со 32 поени, девет скокови и шест асистенции.

Херојот на Милвоки од претходниот натпревар Крис Мидлтон запиша 27 поени и седум скокови, а Џру Холидеј 27 поени, 13 асистенции и седум украден топки.

Милвоки има само една шампионска титула во својата историја, а до втората може да стигне веќе в среда наутро по македонско време доколку триумфира на домашен терен во шестиот натпревар.

Својата единствена титула Милвоки ја освои во 1971 година, а последен пат во финалето играше три години подоцна во ерата кога за клубот настапуваа големите НБА ѕвезди Карим Абдул Џабар и Оскар Робертсон.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа