ВИДЕО: Меси со солзи се збогува со Барселона: Никогаш не замислував ваков крај

Од:

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси денеска на конференција за новинари со солзи го потврди своето заминување од Барселона, откако клубот пред неколку денови соопшти дека веќе не може да си го дозволи Аргентинецот во своите редови без притоа да ја загрози сопствената иднина.

– Се обидов да бидам понизен и да се однесувам со почитување, и се надевам дека тоа ќе остане мој белег кога ќе заминам од клубот, изјави Меси на средба со новинарите во Барселона, додека стотици навивачи, од кои повеќето облечени во дресот со неговиот број 10, се собраа пред стадионот „Камп Ноу“.

Аргентинската фудбалска суперѕвезда истакна дека никогаш не „замислувал“ дека ќе мора да го напушти клубот во кој дојде на 13-годишна возраст.

– Никогаш не замислував дека ќе се збогувам, бидејќи вистината е дека никогаш не размислував за такво сценарио. Сакав тоа да го направам заедно со навивачите, на теренот, изјави Меси.

Довчерашниот капитен на Барселона не ги откри своите планови за во иднина, но францускиот весник „Л’Екип“ во петокот објави дека Меси е подготвен да му се приклучи на ПСЖ.

– Тоа е една од опциите, но не сум потпишал договор со никого, додаде 34-годишниот Меси, кој за 21 сезона колку што мина во Барселона стана нејзин најдобар стрелец на сите времиња со 682 голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ

Телохранителот на Меси месечно заработува цело богатство

Предраг Петровиќ