ВИДЕО: Мајсторија на Елмас во победата на Наполи над Парма

Од:

Елиф Елмас влезе во одличен голгетерски ритам. По погодокот во Купот на Италија, Елмас од тренерот Џенаро Гатузо доби место во стартниот состав и се оддолжи со прекрасен гол против Парма во Серија А.

Тој стрелаше во 32.минута од мечот и обезбеди водство за „наполитанците“ по првиот дел. Ја проби целата одбрана на Парма и успеа да ја затресе противничката мрежа.

Победата на Наполи во вторто полувреме ја потврди Политано со голот во 82. минута.

Со оваа победа Наполи е на четвртото место на табелата со 37 бода по 19 одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски

Наполи ќе му понуди нов договор на Спалети

Распадори донесе радост, Елмас и Наполи на врвот во Серија А

Можниот трансфер на Роналдо во Наполи зависи од Антони!