(ВИДЕО) Лука Дончиќ: Знам дека Јокиќ сака да дојде во Далас

Од:

Словенечката ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ, одговарајќи на прашање околу можноста да игра во ист тим со Никола Јокиќ, рече дека ако сака, српскиот центар може да дојде во Далас, и дека знае оти тој би сакал да му се придружи во тимот на Маверикс.

Запрашан дали би го менувал Бобан Марјановиќ за Јокиќ, за со него да го оформи најдобриот тандем во лигата, Дончиќ рече: „Јас не можам никого да трејдувам. Не е моја работа да разменувам играчи и не би го менувал, но ако Јокиќ сака, може да дојде во Далас. Знам дека го сака тоа.“

Дончиќ денеска формално потпиша продолжение на неговиот „руки“ договор според можностите кои ги дава НБА, а Далас ќе ja задржи својaта млада ѕвезда уште најмалку една година (заклучно со сезоната 2021/22), за која 21-годишниот Словенец ќе добие десет милиони долари.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Никола Јокиќ го освои првото место во трката за МВП наградата

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки