Фудбалерите на Ливерпул синоќа во 5.коло од Лигата на шампионите по само половина час имаа водство на гостувањето кај Севиља со 3:0, но и тоа не им беше доволна на крајот да го освојат целиот плен. Натпреварот заврши нерешено 3:3, а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп рече дека неговите играчи во второто полувреме едноставно престанале да играат.
– Престанавме да играме фудбал во второто полувреме. Беше во ред што почувствувавме голема самодоверба во првите 45 минути. Но, вистинскиот проблем е што сопревме во продолжението по паузата. Нашата најголема грешка беше тоа што не игравме фудбал 15 минути, бевме премногу пасивни и повлечени. Ако ништо друго, пласманот во следната фаза се уште зависи од нас, изјави Клоп.
На другите натпревари од петтата рунда во сегментот Е-Х постигнати се следниве резултати:
Бешикташ – Порто 1:1,
Спартак Москва – Марибор 1:1,
АПОЕЛ – Реал Мадрид 0:6,
Борусија Дортмунд – Тотенхем 1:2,
Манчестер Сити – Феенорд 1:0,
Монако – Лајпциг 1:4 и
Наполи – Шахтјор 3:0.