ВИДЕО: Лејно ја одведе Франција во полуфиналето на ракометниот Мундијал

Од:

Голманот на Вардар, Амандин Лејно ја предводеше Франција до триумфот над Црна Гора (25:22) синоќа во последното четвртфинале на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Германија.

Лејно мечот го заврши со 13 одбрани и заслужено беше прогласена за најдобра играч. Најефикасна во победничката репрезентација беше Алисон Пино со пет гола, додека вардарката Александра Лакрабе четири пати се запиша во листата на стрелци.

Во редовите на Црна Гора, Катарина Булатовиќ девет пати ја погоди противничката мрежа, додека третата вардарка која настапи на овој дуел, Јованка Радичевиќ постигна четири гола.

Во полуфиналето Франција ќе игра со Шведска.

Вториот полуфинален пар ќе биде познат по денешните четвртфинални средби:
Холандија – Чешка (17:30 часот) и
Норвешка – Русија (20:45).

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска