(ВИДЕО) Лазаров: Ова не е добро ниту за нас како репрезентација, ниту за нашата земја

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација во залезот на успешната кариера се соочува со најтешките моменти во национаниот тим. Селекцијата претрпе еден од најкатастрофалните порази во настапите на големите првенства губејќи со 19 гола разлика во дуелот со домаќинот на светското првенство Египет.

„Дојдовме да се бориме до крај, сонувавме изнеадување, но играме под нашето ниво. Ова не е добро ниту за нас како репрезентација ниту за нашата земја Македонија“ – вели Лазаров во интервју за официјалната страница на Светското првенство.

Лазаров на почетокот на кариерата играше во националниот дрес во 1999 година на ракометениот мундијал во Египет. Од тогаш низ две децении се промовираше во лидер на репрезентацијата предводејќи ја низ најголемите успеси.

Би можело да ве интересира

Лазаров: Без бело знаме против Словенците

А1он

Лазаров: Имам јасна целосна слика

Ана Ололовска

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП

Лазаров постигна погодок вреден бод на гостувањето на Нант кај ГОГ Гудме

А1он

Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Ана Ололовска

Идната недела промоција на автобиографијата на Кирил Лазаров

Ана Ололовска