ВИДЕО: Лацио со пресврт го совлада Каљари

Од:

Фудбалерите на Лацио со победа ја почнаа новата година откако синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим пред своите навивачи ја совладаа екипата на Каљари со 2:1.

Лацио до победата дојде со пресврт. Гостите први поведоа со 1:0 со голот на Марко Сау во 62. минута, во 79. минута Абдулаи Конко изедначи на 1:1, а откако беа исклучени гостинските фудбалери (црвен картон) Андреа Косу и Микеле Агаци победа на „лацијалите“ им донесе Антонио Кандрева во 86. минута од пенал.

На првиот натпревар од 19-то коло во Серија А, Катанија и Торино одиграа без голови 0:0.

На програмата денеска се натпреварите: Удинезе – Интер, Милан – Сиена, Џенова – Болоња, Јувентус – Сампдорија, Парма – Палермо, Фиорентина – Пескара, Киево – Атланта и Наполи – Рома.

Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Фиорентина 35, Интер 35, Наполи 34, Рома 32,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска