ВИДЕО: Курц свечено ги испрати Австријците на ЕВРО

Од:

Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација, селекцијата на Австрија на ЕУРО тргна со свечено испраќање од државниот врв на земјата.

Шефот на австриската држава Александер ван дер Белен им посака на репрезентативците многу успех на Европското првенство, истакнувајќи во својот говор дека Австрија би можела да биде изненадувањето на ЕУРО2020.

– На речиси секое Европско првенство постои екипа, која не само што ги исполнува надежите и соништата на фановите, туку и ги надминува, истакна австрискиот претседател, додавајќи, притоа, оти не сака да врши притисок врз фудбалерите.

Канцеларот Себастијан Курц изрази задоволство поради одржување на ЕУРО2020, оценувајќи дека тоа е чекор кон враќање во нормален живот.

– Интересно е тврдењето дека одлуката, почнувајќи од 10 јуни да ги релаксираме рестриктивните мерки во Австрија и да им дозволиме на рестораните и баровите да работат до 24 часот, ја донесовме со цел натпреварите од ЕУРО2020 да можат да се гледаат во друштво. Тоа е нешто што не може да се докаже, но, не може ниту да се негира, изјави австрискиот вицеканцелар и министер за спорт Вернер Коглер.

ЕУРО2020 официјално ќе биде отворено со мечот во Рим меѓу Италија и Турција на 11 јуни.

Македонската фудбалска репрезентација во вторник заминува за Букурешт каде по премиерниот дуел против Австрија, во вториот натпревар на 17 јуни игра против Австрија, а четири денови подоцна против Холандија во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена