Најмладиот голман во Лигата на шампионите, Миле Свилар, нема по добро да го памти своето деби во елитното натпреварување.
На дуелот со Манчестер Јунајтед, Свилар синоќа при една нафрлена топка од страна на Рашфорд, лошо интервенираше и со се неа влезе во голот и на тој начин му овозможи победа (0:1) на противникот.
Дека судиите се во право и го признаа голот потврди и гол-технолгијата.
18-годишниот Миле Свилар е син на познатиот некогашен југословенски голман Ратко Свилар.