ВИДЕО: Кејн го загорчи дебито на Сари на чело на Јуве

Од:

Тимот на Тотенхен постигна престижен успех над Јувентус со 3: 2 во предсезонската контролна на Интернационалниот куп на шампиони, одигран во Сингапур.

Тоа беше официјално деби на новиот тренер на Маурицо Сари, кој пристигна кај „старата дама“ во Торино од Челзи.

Лондонскиот тим го започна натпреварот подобро и поведоа преку Ерик Ламела по малку повеќе од половина час игра, откако со тој резултат го завршија првиот дел, а најинтересното остана за второто полувреме.

Гонзало Игуаин изедначи во 56-тата минута, и набргу потоа големата ѕвезда на „црно-белите“, Кристијано Роналдо направи целосен пресврт. Ова, сепак, од далеку не беше се во мечот, откако пулените на Маурисо Почетино го свртија развојот на настаните за да се поздрават со успехот на крајот.

Херојот од полуфиналето на ЛШ со Ајакс – Лукаа Моура изедначи во 65-тата минута, а Хари Кејн направи целосен пресврт по исклучителен погодок од центарот на теренот во третата минута од додаденото време.

Во среда, „бјанконерите“ играат со Интер, а „петлите“ ќе се соочи со Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска