ВИДЕО: Јувентус му одржа лекција на европскиот шампион

Од:

Јувентус вечерва во фантастичен меч го совлада Челси со 3:0 и така направи голем чекор кон елиминационата фаза.

Фабио Квалјарела го отвори резултатот откако ја закачи топката по ударот на Пирло и го измами Чех, додека вториот погодок беше на Видал, кој што со гол ја круниса прекрасната акција на „Старата дама“. Точка на големиот триумф стави Џовинко, кој влезе во игра во второто полувреме и ја смести топката крај истрчаниот Чех во неговата празна мрежа.

Јувентус се наоѓа на второто место во групата со девет бода, еден помалку од Шахтјор.

Интересно е што во последното коло во Доњецк се среќаваат токму овие два тима, а со евентуално реми и Шахтјор и Јуве би оделе понатаму, а Челси како актуелен европски првак веќе во првата фаза би ја завршил одбраната на титулата.

Шахтјор славеше со 2:5 на гостувањето против Нордселанд. Данските фудбалери два пати имаа предност, но на крајот претрпеа убедлив пораз во мечот што ќе остане запаметен по контроверзниот погодок на Луиз Адријано.

Резултати:

Група Е

Нордсјеланд – Шахтјор 2:5
/Нордстранд 24, Лоренцен 30 – Адријано 26, 53, 81, Вилијан 44, 50/

Јувентус – Челси 3:0
/Кваљарела 38, Видал 61, Џовинко 90/

ТАБЕЛА: Шахтјор 10, Јувентус 9, Челси 7, Нордсјеланд 1.

Група Ф

БАТЕ Борисов – Лил 0:2
/Сидибе 14, Бруно 31/

Валенсија – Баерн 1:1
/Фехули 77 – Милер 82/

ТАБЕЛА: Баерн 10, Валенсија 10, БАТЕ Борисов 6, Лил 3.

Група Г

Спартак Москва – Барселона 0:3
/Алвеш 13, Меси 27, 39/

Бенфика – Селтик 2:1
/Џон 7, Гарај 71 – Самарас 32/

ТАБЕЛА: Барселона 12, Селтик 7, Бенфика 7, Спартак 3.

Група Х

Клуш – Брага 3:1
/Руи Педро 7, 15, 33 – Алан 17/

Галатасарај – Манчестер Јунајтед 1:0
/Јилмаз 54/

ТАБЕЛА: Манчестер Ј. 12, Галатасарај 7, Клуж 7, Брага 3.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска