ВИДЕО: Јубилејни погодоци на легендите на Јунајтед, кикс на Челзи и Сити

Од:

По четвртото коло Премиер лигата повеќе нема екипи со максимален ефект. Најимпресивната победа попладнево ја забележа Арсенал, кој со 6:1 беше подобар од Саутемптон. Гостите во оваа победа на „топчиите“ учествуваа со два гола во сопствената мрежа, а останатите беа дело на Подолски, Волкот и два на Жервињо. Фокс го погоди вистинскиот гол, голот на Арсенал.

Виган успеа да издржи едно полувреме без да прими го на „Олд Трафорд“, но во вториот дел дури четворица играчи ги запишаа своите први сезонски погодоци. Отпорот на гостите го скрши славеникот Пол Сколс, кој погоди на својот јубилеен 700 настап за Јунајтед. Потоа зголеми Ернандез, кој се извади за промашениот пенал во првиот дел. Во листата на стрелците на своето деби се запиша и Битнер, а последниот гол беше дело на младиот Ник Пауел, кој исто така го постигна својот дебитантски гол во дресот на „црвените ѓаволи“.

Шампионот Манчестер Сити ремизираше 1:1 кај Стоук, додека Челзи по трите стартни победи одигра само 0:0 на гостувањето кај градскиот ривал Квинс Парк Ренџерс. Без голови заврши и натпреварот помеѓу Норич и Вес Хем, а сигруни домашни победи забележаа Астон Вила од 2:0 против Свонси и Фулам од 3:0 против ВБА, а Горан Попов го немаше во составот на Вест Бромвич Албион, кој е испратен во Киев да ги собере своите работи од апартманот и да се врати назад до вторник.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска