ВИДЕО: Јанис исклучен, „му удри глава“ на Мо Вокер од Вашингтон

Од:

Првата ѕвезда на Милвоки и актуелен МВП од минатата сезона, Гркот Јанис Адетокумбо, беше исклучен на ноќешниот натпревар против Вашингтон Визардс, откако го удри со глава противничкиот играч Мо Вокер.

Во втората четвртина од средбата, на Адетокумбо му беше суден фаул во напад при еден пробив во кој Вокер одлично се постави. Изнервиран од судиската одлука, Јанис се доближи до Вокер и го удри со главата, по што судиите го испратија во соблекувалната.

Грчкиот репрезентативец по средбата рече дека жали за својата постапка.

– Ужасен чин. Кога би можел да се вратам назад, јас не би го сторил тоа, изјави играчот по натпреварот. Адетокумбо се соочува со дисквалификација на повеќе натпревари поради неспортско однесување.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ