ВИДЕО: Италијански репрезентативец падна на глава и остана да лежи неподвижен, изнесен на носилки

Од:

И додека многу репрезентации се подготвуваат за Мундијалот, Италијанците се собраа да одиграат пријателски натпревар.

Италија ја совлада Албанија со 3:1 во Тирана со головите на Ди Лорето и Грифо, но најголемо внимание привлече повредата на Сандро Тонали.

Кон крајот на првото полувреме по воздушен дуел со Бареа падна директно на глава и остана да лежи неподвижен. Лекарскиот тим набрзо притрча на теренот да му помогне на фудбалерот, а според реакцијата од теренот многумина помислија дека се работи за непријатна повреда.

Во вакви ситуации најважно е вратот да се врати во функција во случај на повреда, па Тонали беше изнесен од теренот на носилки.

“Добро сум. И горд сум што сум дел од овој тим“, изјави Тонали по натпреварот и со тоа ги смири навивачите на Италија и Милан.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски