ВИДЕО: Историски подвиг на Денвер и Јокиќ – во мајсторката, го испратија дома фаворитот Клиперс

Од:

Екипата на Денвер Нагетс успеа да постигне историски успех – во ноќешниот седми натпревар од полуфиналето на Западот, Нагетс многу полесно од очекувањата го „решија“ фаворизираниот тим на ЛА Клиперс, станувајќи првата екипа во историјата на НБА што до финалето на конференцијата стигнала преку мајсторки во две серии по ред, откако губела со 3:1 во двата дуела.

Во вистинска рововска битка во „балонот“ во Орландо, првото полувреме помина во целосно изедначен резултат, а пресудна повторно беше третата четвртина, која и во претходниот дуел на двата тима беше кобна за Клиперси.

Денвер во третиот дел направи предност од десет поени, која до крајот ја одржуваше и ја зголеми, триумфирајќи со 104:89. Ѕвезда на вечерта кај Денвер беше Џамал Мареј, кој го наполни кошот на противникот и мечот го заврши со 40 поени, погодувајќи шест тројки.

Српскиот центар Никола Јокиќ исто така беше меѓу најзаслужните за победата, а нешто послабата шутерска вечер ја надополни со трипл-дабл учинок од 16 поени, 22 скока, 13 асистенции, на кои додаде и три блокади и две украдени топки.

Клиперс, кои водеа со 3:1 во оваа серија и беа на чекор до финалето на Западот, и во осмиот обид во клупската историја, не успеаја да стигнат до целта. Притисокот се покажа како пресилен за двете ѕвезди на тимот, кои синоќешниот натпревар го завршија со катастрофален учинок – Кавај Ленард имаше 14 поени со шут 6-22, додека Пол Џорџ додаде само десет коша, погодувајќи само четири од 16 удари кон кошот. Резервниот центар Монтрезл Харел беше најпрецизниот во губитничката екипа со 20 поени.

Во финалето на конференцијата, Денвер ќе се сретне со уште еден фаворит – Лејкерс на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а првиот натпревар е закажан за сабота рано наутро во 3:00 часот по европско време.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа