Идниот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин е тестиран на замрзнато езеро во Шведска, пишува порталот „Мотор 1“.
Во написот се вели дека изворот располага со слики од проектот „Кортеж”, започнат 2012 година со цел – создавање автомобил за првите лица на руските власти. Меѓу попознатите марки се спомнуваат седани (веројатно од марката „Ролс Ројс“ или „Бентли“), потоа лимузини, миникомбија и џипови.
Претходно се појавија информации дека првите автомобили од проектот ќе бидат претставени идната година.