Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Шангај откако во полуфиналето го победи Жо-Вилфред Цонга од Франција.
Србинот до триумфот дојде по еден час и 34 минути игра, а крајниот резултат беше 6:2, 7:5.
Дуелот го обележаа многубројните грешки на двајцата тенисери, но и на судијата. Сепак Новак без проблем го доби првиот сет, а во сличен ритам продолжи и во вториот.
Ѓоковиќ во Шангај ја брани титулата, а во финалето ќе се сретне со подобриот од средбата меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.