(ВИДЕО) Хаос во Буенос Аирес: Милиони луѓе на улиците се збогуваат со Марадона

Од:

Милиони луѓе се простуваат од починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона. Некои се излезени на улиците, а други ја следат церемонијата во живо.

Ковчегот со телото е изложен во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател. Поради огромната гужва полицијата веќе неколку пати интервенирала.

Се проценува дека милион луѓе ќе дојдат да се простат од Марадона. Настанот ќе трае 48 часа.

Преку ковчегот е поставено аргентинското знаме и националниот дрес со бројот 10, кој го носел Диего.

Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 – 1982, 1995 – 1997), Барселона (1982 – 1984) и Наполи (1984 – 1991).

Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година.

Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир. Ќе остане запаметен и по „Божјата рака“ од дуелот со Англија (2:1) кога постигна гол со рака во четвртфиналето на СП 1986 година.

Марадона исто така го освои италијанскиот шампион двапати со Наполи.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он