ВИДЕО: Хамилтон по шести пат победник на „Каталуња“

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија. Британецот по шести пат победи на патеката „Каталуња“ крај Барселона.

Втор беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, додека трет на целта стигна вториот возач на Мерцедес – Валтери Ботас.

Бодови на четвртата трка во тековната сезона освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Даниел Рикиардо (Мекларен), Карлос Саинц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин) и Пјер Гасли (АлфаТаури).

По четири трки, лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 94 бодови, пред Ферстапен со 80 и Ботас со 47.

Кај конструкторите, води Мерцедессо 141 бод, пред Ред Бул со 112.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин