ВИДЕО: Ѓоковиќ се избори за своето десетто полуфинале на „Ролан Гарос“, таму го чека Гркот Циципас

Од:

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, со вечерашниот триумф над Шпанецот Павло Карењо Буста, стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“ во Париз.

Србинот славеше со 3:1 во сетови, а до својата 73-та победа на престижниот турнир сепак не стигна толку лесно – на почетокот на мечот се жалеше на вкочанетост во вратот, а и го загуби првиот сет со 6:4.

Сепак, најдобриот светски тенисер во продолжението од мечот играше сигурно и стабилно, па во трите сета му препушти на Шпанецот вкупно девет гема.

Со оваа победа, Ѓоковиќ се избори за своето десетто полуфинале на турнирот, а притоа и ги помина Крис Еверт и Аранча Санчез – Викарио и изби на третото место на листата на тенисери со најмногу триумфи на „Ролан Гарос“ во историјата.

Само Рафаел Надал (98-2) и Штефи Граф (84-10) сега имаат подобар скор на гренд слемот во Париз од Новак Ѓоковиќ (73-14).

Српскиот тенисер во петок ќе игра за пласман во финалето против Гркот Стефанос Циципас, а во второто полуфинале, утре се среќаваат Надал и Аргентинецот Шварцман.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ѓоковиќ оди кон 23. грен-слем, преку повредениот Алкараз до седмото финале на Ролан Гарос

Ролан Гарос се огласи за пораката на Ѓоковиќ за Косово

Предраг Петровиќ

Украинската тенисерка исвиркана: Треба да се срамат

Надал нема да игра на Ролан Гарос, испаѓа од Топ 100, тврдат шпанските медиуми

Ана Ололовска