ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно во притвор, го очекува судењето за конечната одлука

Од:

Новак Ѓоковиќ повторно е во притвор во имиграцискиот хотел „Парк“ во кој беше и претходно. Таму ќе го чека судењето закажано за денеска доцна навечер по средноевропско време.

На српскиот тенисер му се заканува депортација откако автраслиската влада вчера повторно му ја укина визата за престој во државата со објаснување дека е закана за јавното здравје.

Адвокатите на Ѓоковиќ во жалбата вакавата квалификација ја нарекоа „нерационално“ размислување.

Новак Ѓоковиќ и натаму е на распоредот на Австралија Опен, ако остане во земјата, првото коло треба да го игра в понеделник. Ако пак го освои турнирот ќе стане најуспешниот тенисер во историјата со 21 грен-слем титула.

Но, за ова да се случи ќе треба да има поволен исход од судењето денеска. Во спортивно на Ѓоковиќ му се заканува депортација и забрана за влез во Австралија од три години.

Доцна синоќа се одржа сослушување на кое судијата го одреди терминот, а нешто подоцна беше донесена и одлуката за тоа како ќе изгледа судењето. Решено е судењето на биде пред полна судница што австралиските медиуми го толкуваат како совевидна мала победа на адвокатискиот тим на Ѓоковиќ.

Визата на Ѓоковиќ првпат му беше укината кратко по влезот на австралиско тло, на аердоромот на 6. јануари откако граничните власти сметаа дека не прикажал доволно докази за медицински исклучок од вакцинацијата против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Ѓоковиќ е поразен од Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен

Горан Наумовски