Германија е новиот светски првак, откако во финалето на 20-то Светско првенство во Бразил ја победи Аргентина со 1:0 по продолжение.
Стрелец на единстевниот гол во 113. минута беше Марио Геце, по асистенција на Шурле.
За Германија ова е четврта титула светски шампион.
Следното Светско првенство ќе се одржи во Русија во 2018 година.