ВИДЕО: Фудбалерите на Бока предизвикаа масовна тепачка во Бразил, ноќта ја минаа во автобус пред полициска станица

Од:

Фудбалерите на аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс предизвикаа тежок инцидент на натпреварот од Копа Либертадорес против Атлетико Минеиро во бразилскиот град Бело Хоризонте.

По завршувањето на средбата, која ја загубија на пенали, гневните аргентински фудбалери, револтирани поради поништен гол, пред соблекувалната влегоа во судир со припадници на обезбедувањето на стадионот, кој се претвори во масовна тепачка

Поради инцидентот, тимот на Бока Јуниорс, наместо авионски да се врати дома, со автобус беше спроведен во полициска станица во Бело Хоризонте, а играчите ја минале ноќта во автобусот, јавуваат локалните медиуми.

Аргентинскиот амбасадор во Бразил, Даниел Скиола, денеска на социјалните мрежи соопшти дека фудбалерите на Бока Јуниорс до крајот на денот ќе се вратат дома.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски