ВИДЕО: Фанови на Саутемптон се потсмеваа на смртта на Сала

Од:

Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но имаше и луѓе кои се потсмеваа на она што му се случи на 28-годишниот стрелец. За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна. Видеото брзо се прошири низ Интернет просторот, а полицијата не задоцни и ги приведе двајцата мажи.

– Таквото однесување нема место на нашиот стадион и нема да се толерира, пишува во официјалната изјава на Саутемптон.

Клубот потврди дека фановите за кои станува збор биле идентификувани и уапсени. Тие, најверојатно, ќе бидат лишени од можноста да влегуваат на „Сент Мери“.

Пред натпреварот, фудбалерите на двата тима му оддадоа почит на Сала со едноминутен молк, а Кардиф забележа драматична победа од 2:1 со гол на резервата Кенет Зохоре.

– Сакавме да победиме за Емилијано и јас сум горд што момците тоа го направија, рече менаџерот на тимот Нил Варнок по успехот.

Како што е познато, авионот со Аргентинецот, кој премина од Нант во Кардиф, исчезна во реонот на Ламанш, а пред неколку дена остатоците од авионот беа пронајдени и телото на Сала беше идентификувано.

Би можело да ве интересира

Во Велика Британија, 66-годишен маж обвинет за смртта на Сала

Ана Ололовска

Пилотот на авионот, во кој беше Емилијано Сала, немал дозвола за летање

Aleksandar Petrovski

Уапсено едно лице поврзано со смртта на Сала

Ана Ололовска

Објавена морбидна фотографија од Емилијано Сала од мртовечницата, полицијата трага по сторителот

Татјана Ташкова

Откриени нови детали за трагедијата на Сала

Ана Ололовска

Нант поднесува жалба до ФИФА против Кардиф за трансферот на Сала