ВИДЕО: Екипата на Реал Мадрид пристигна во Скопје

Од:

Играчите на мадридски Реал пристигнаа на аеродромот Александар Велики од каде ќе се упатат кон хотелот Александар Палас каде ќе бидат сместени за време на Супер Купот кој ќе се одигра на стадионот „Филип Втори“.

И покрај најавите дека најдобриот фудбалер на Реал Мадрид нема да игра на Супер купот во Скопје, сепак, Кристијано Роналдо се најде во составот на Зинадин Зидан и заедно со својот тим слета на скопскиот аеродром.

Ѕвездата на мадридски Реал имаше продолжен одмор поради настапот за својата држава на Купот на Конфедерации. Тој почна да тренира пред само два дена, но сепак се најде во составот за утрешниот натпревар кој беше објавен денеска.

Во составот кој денес ќе допатува во Скопје се наоѓаат: Навас, Касилја, Лука – голмани; Карвахал, Валјеро, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ахраф – одбрана; Крос, Модриќ, Касемиро, Маркос, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалос – среден ред; Кристијано Роналдо, Бејл, Бензема, Лукас, Мајорал – напад. Тренер: Зинедин Зидан.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Модриќ повеќе не е резерва, повторно е во првите 11 на Реал

Предраг Петровиќ