ВИДЕО: Ѕвездите на ПСЖ речиси еден час заглавени во лифт

Од:

Во реприза на ланското полуфинале Лајпциг и Пари Сен Жермен  вечерва се среќаваат во дуел од групниот сегмент во фудбалската Лига на шампионите.

Томас Тухел за овој меч нема да смета на двете главни ѕвезди Нејмар и Мбапе, додека останатите се растревожени по вчерашниот инцидент кој се случи во хотелот каде што престојува францускиот првак.

Имено, по враќањето од вечерниот тренинг, неколку играчи на ПСЖ, поточно Ди Марија, Маркињос, Паредес, Кимпембе, Дијало, Дагба, Геје, Кен, Фадига и Руис-Атил заглавиле во лифтот од хотелот и чекале околу 50 минути да бидат спасени.

Морало да интервенираат пожарникари, а за инцидентот се дозна откако бекот Курзава сподели видео на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска