ВИДЕО: Драмата во Торонто со среќен крај за Голден стејт

Од:

Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден стејт го доби петтиот натпревар од финалната серија против Торонто со 106:105 и намали на 2-3 во победи.

Двете екипи одиграа драматичен дуел на теренот на канадскиот тим кој го имаше последниот напад за титула но не успеа да реализира преку Лаури.

Најефикасен во гостинската екипа беше Стеф Кари со 31 поени при тоа имаше и осум скока и седум асистенции. Клеј Томпсон исто така има голема заслуга за триумфот постигнувајќи 26 поени со шест скока и четири асистенции.

Кај Торонто се истакна Кавај Ленард со дабл-дабл ефект – 26 поени и 12 скока, при тоа забележа и шест асистенции.

Шестиот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Голден стејт.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он