ВИДЕО: Девет голови во одмаздата на Челзи

Од:

Фудбалерите на лондонски Челзи му се одмаздија на Манчестер јунајтед по само три дена од поразот во Премиер лигата во кој имаше пет гола, два црвени картони и низа сомнителни судиски одлуки и победа на „ѓаволите“ со 2:3.

Одиграа уште еден фантастичен меч на „Стемфорд бриџ“ во Лига купот во кој на крајот сега славеа домаќините и тоа со 5:4 по две продолженија.

Ова феноменален реванш на сините за поразот од пред три дена и тоа на крајно болен начин за противникот кој три пати беше во водство во регуларниот дел, но кој ја испушти победата во 95. минута кога Еден Хазард погоди од пенал за 3:3. Претходно Гигс, Чичарито и Нани ми носеа предност на Јунајтед од 1:0, 2:1 и 3:2, но Давид Луиз исто така од пенал, Кејхил и херојот Хазард го враќаа Челси во игра.

Даниел Стариџ во осмата минута од првото продолжение погоди за предност, а точка на триумфот на Челси стави Рамиреш со голот во 116. минута.

Конечните 5:4 ги постави ветеранот Гигс со гол од пенал во 120. минута.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска