ВИДЕО: Деби гол на Алиоски во Премиер-лигата

Од:

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се запиша во листата стрелци на вечерашниот меч на „Иланд Роуд“ меѓу Лидс Јунајтед и Њукасл (5-2). Тоа е дебитантски гол за него во Премиер – лигата. Алиоски е првиот Македонец што постигнува гол во елитното англиски друштво по Ѓорѓи Христов.

Христов тоа го стори во април 1998 година, и тоа исто така на „Иланд Роуд“, но во мрежата на Лидс Јунајтед, носејќи го дресот на Барнсли.

Алиоски беше стрелец на четвртиот гол за Лидс Јунајтед кој по ова коло е на 13. позиција на табелата со 17 бода и биланс од пет победи, шест пораза и два нерешени исхода.