ВИДЕО: Борусија Дортмунд го поздрави своето ново засилување

Од:

Утрово новиот додаток на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд за прв пат ја посети клупската база. 19-годишниот напаѓач го сподели восхитот за тоа што го виде и не ги криеше своите емоции. По ходниците, тој се состана со тренерот Лусиен Фавр, со кого зборуваше кратко. Пред камерата, Норвежанецот рече „Јас сум многу среќен“.

Холанд заврши во Дортмунд, откако клубот плати 20 милиони евра на Ред Бул (Салцбург). Се проценува дека уште 25 милиони евра биле дадени како бонуси на неговиот агент Мино Рајола и неговиот татко Алф-Инге Холанд.

Младиот фудбалер потпиша договор со Борусија Дортмунд до летото 2024 година. Есента тој постигна 28 гола на 22 натпревари за Салцбург.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска