ВИДЕО: Блескава Македонија, пет гола во мрежата на Лихтенштајн

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалфификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Нашиот состав оствари убедлива победа од 5-0 над аутсајдерот Лихтенштајн. Во овој квалфикациски термин, македонските репрезентативци ќе го одиграат и дуелот против Германија в среда во Дуисбург.

Енис Барди во седмата минута донесе предност откако од слободен удар откосо од левата страна го изненади гостинскиот голман Бенјамин Бухел. Пет минути подоцна Барди од вториот слободен удар ја погоди гредата.

Александар Трајковски во три минути постигна два гола и го зголеми водство на Македонија против Лихтенштајн на 3-0. Акцијата на Елмас по левата страна ја продолжи Барди, шутираше, блокираната топка дојде до Трајковски кој од непоседна близина ја испрати во мрежата.

Само три минути подоцна, убава акција на Македонија, Александар Трајковски се одлучи за удар од 16 метри и уште еднаш ја затресе мрежата на гостите.

На двата брзи гола на Александар Трајковски во вториот дел се надоврза и Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи успеа да ја затресе мрежата на гостите во 62.минута од мечот.

Последниот гол на натпреварот го постигна Илија Несторовски. По пеналот кој го изнуди Бобан Николов, прилепчанецот се одлучи за перфектна „паненка“ и го совлада Бихел за конечните 5-0.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов