ВИДЕО: Без победник помеѓу Сити и Арсенал

Од:

На дерби натпреварот од 5. коло во Премиер лигата помеѓу фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал немаше победник, заврши 1:1.

Двете екипи одиграа натпревар со многу силно темпо и двата тима имаа свои шанси да забележат победа, но на крајот поделбата на бодовите е најреалниот епилог.

Сити дојде до предност со голот на Лескот, во 40-та минута од натпреварот, а израмни Кошелни на осум минути до крајот на средбата.

Во последните две средби од петтото коло, победи забележаа домаќините – Тотенхем во малото лондонско дерби го победи КПР со 2:1, додека Њукасл минимално со 1:0 го совлада Норич.

Лидер во Англија по пет кола е Челзи со 13 бодви, еден повеќе од Манчестер Јунајтед, зад нив со по 10 бодови следуваат Евертон и ВБА. На дното од табелата се четири тима кои сеуште немаат победа во првенството: Норич, Ливерпул, КПР и Ридинг.

Следното коло го носи лондонското дерби помеѓу Арсенал и Челзи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска