ВИДЕО: БАТЕ го понижи Баерн

Од:

Белорускиот претставник во Лигата на шампионите Бате Борисов, кој во квалификациите го елиминираше Вардар на патот кон групната фаза, е најголемото изненадување по две кола во Лигата на шампионите.

Вечерва во Минск го понижи моќниот Баерн Минхен, со 3:1 славеше комплетирајќи шест бода по две кола во групата Ф.

Бате Борисов ја најави сензацијата во првото полувреме, со голот на Павлов во 23. минута. Родионов во 78. минута зголеми на 2:0, а во самата завршница од овој меч беа постигнати уште два гола. Рибери намали на истекот на регуларниот тек од мечот, а Брешан во судиското продолжение ја потврди победата на белорускиот претставник од 3:1.

Јувентус не успеа да освои три бода на домашен терен против Шахтјор од Доњецк, мечот заврши 1:1. „Старата дама“ има два бода по првите два меча. Алекс Тешеира стрелаше прецизно во Торино во 23. минута, но само две минути подоцна Бонучи го израмни резултатот. Сепак, тоа беше се што се однесува до погодоците на овој натпревар.

Резултати:

Група Е: Јувентус – Шахтјор 1:1, Нордсјеланд – Челси 0:4.

Група Ф: Бате Борисов – Баерн Минхен 3:1, Валенсија – Лил 2:0.

Група Г: Спартак М. – Селтик 2:3, Бенфика – Барселона 0:2.

Група Х: Галатасарај – Брага 0:2, Клуж – Манчестер јунајтед 1:2.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска