ВИДЕО: Балотели донесе бод за Милан

Од:

Во рамките на 24-то коло од италијанската Серија А, Балотели го спаси Милан на гостувањето кај Каљари, додека Рома доживеја нов пораз и тоне на првентвената табела.

„Росонерите“ му гостуваа на Каљари на неутрален терен во Торино, но не успеаја да забележат победа, бидејќи во финишот на првиот дел Ибарбо донесе предност за „сицилијанците“. Сепак во 82-та минута спасителот за Милан беше новајлијата Марио Балотели кој од пенал донесе израмнување. Ибраниците на Алегри до крајот на натпреварот се обидоа да дојдат и до полн плен, но сепак не беа успешни во тоа.

„Римската волчица“ доживеја нов пораз и по отпуштањето на нивниот стратег Зденек Земан. Овој пат беа поразени во Џенова од Сампдорија со 3-1. Естигарибија, Сансоне и Икарди беа творци на победата за својот тим, додека почесен погодок за гостите од Рим постигна Ламела во 75-та минута.

РЕЗУЛТАТИ: Парма – Џенова 0-0, Аталанта – Катанија 0-0, Болоња – Сиена 1-1, Каљари – Милан 1-1, Палермо – Пескара 1-1, Сампдорија – Рома 3-1, Удинезе – Торино 1-0, Интер – Киево (20:45).

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска