(ВИДЕО) АО: Рафа „украде“ сет и го „прегази“ Андерсон

Од:

Третиот рекет на светот, Рафаел Надал го победи Кевин Андерсон со резултат 7:5, 6:1, 6:4 во осминафиналето на Австралија Опен.

Одлучувачки беше првиот сет кога Андерсон пропушти дури шест брејк топки, од кои три врзани при резултат 5:5. Кога ја пропушти и таа шанса, потполно падна во играта, а Надал во двата наредни сета правеше брејкови на самиот почеток.

Надал му го „украде“ првиот сет на Андерсон. Јужноафриканецот во текот на целиот сет беше блиску до брејк, но првата шанса ја испушти во 5. гем, кога преку ритерн бекхендот ја испрати топката во аут.

Голема шанса Јужноафриканецот имаше во 11. гем кога дојде до 0:40, но Надал се извлече со одличен форхенд и два добри сервиси. Андерсон создаде уште две брејк шанси, но Шпанецот сервираше најдобро кога беше потребно и поведе со 6:5.

nadalAO2015 (3)

Разочарувањето од пропуштената шанса остави трага во играта на Андерсон и во наредниот гем удри два зицера во аут, а на сет топка очајно реагираше на мрежата и Надал поведе со 7:5.

Играта на Андерсон во потполност се распадна во вториот сет, па Шпанецот уште на стартот стигна до брејк. Надал не мораше да игра спектакуларно затоа што Јужноафриканецот правеше многу грешки. Вториот сет заврши за 32 минути со резултат 6:1.

nadalAO2015(4)

И во третиот сет, Рафа направи рано брејк и дојде рутински до победата за своето 28. Грен слем четвртфинале.

„Ова беше мојот најдобра меч годинава. играв многу добро, што ми е многу важно. Не беше лесно, особено во првиот сет кога имав многу среќа. Му „украдов“ два поени. Ние се знаеме од деца, мило ми е што игра добро, одлична личност е и му посакувам се најдобро“, рече Надал.

nadalAO2015 (2)

Наредниот противник на Надал ќе биде Томаш Бердих, кој во моментов игра најдобро во својата кариера. Рафа има позитивен скор во дуелите против чешкиот тенисер и има победено во 17 последователни мечеви, а вкупно води со 18-3 во меѓусебниот скор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија

Ана Ололовска