Вестбрук: Само 4-5 играчи заслужуваат свое име на патиките

Од:

Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека само 4-5 играчи во НБА ги заслужуваат нивните персонализирани патики.

– Ако сакате свои, персонализирани патики, не можете да бидете монотони. Долго време не ги заслужував моите персонализирани патики, но на крајот го направив својот пат, а сега ги имам. Јас сум реалист во ова прашање. Некои играчи добија персонализирани патики без причина. Како што вели Леброн Џејмс, прво мора да стекнете фан-база и, се разбира, вашата игра треба да зборува за вас. Мора да направите нешто освен кошарката. Мора да бидете „тој човек“. Денес, сите имаат персонализирани патики, изјави Вестбрук.

Прв во НБА лигата кој доби свои патики е легендарниот Мајкл Џордан. Тоа се случи во 80-тите години од минатиот век кога компанијата за спортска опрема ги промовира патиките „Ер Џордан“ или популарните „џорданки“ кои скоро секоја година излегуваат со нов модел.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа