Вестбрук: Не сум во криза, ќе се справам со ситуацијата

Од:

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Расел Вестбрук, се произнесе за нискиот процент на реализација на последните натпревари.

Во поразот од Сакраменто (116:125), Вестбрук има погодени 2 од 14 шутови од поле, додека на последните три средби има само 8 од 40 прецизни удари кон противничкиот кош.

Расел не се согласи со новинарот, кој оцени дека играчот е во криза.

– Мислам дека тоа не може да се нарече криза. Ќе се справам со ситуацијата, тоа е сè.

Вестбрук поддршка доби и од првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.

– Се надевам дека ќе продолжи напорно да работи и дека ќе се врати во препознатливата за него форма.

Лејкерс по 42 натпревара имаат по 21 победа и пораз и се наоѓаат на 8. место во Западната конференција од НБА-лигата.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа